Св. Васа Солунска (понекогаш Воденска) е православна светица од просторите на Македонија, која живеела на крајот на 3 и почетокот на 4 век. Оваа ранохристијанска маченица пострадала за време на римскиот император Максимијан (286-308).
Според преданијата, таа своите синови Теогнис, Агапиј и Пистус ги воспитувала во духот на христијанството. Мажот ѝ, кој бил пагански жрец, поради тоа ја замразил и ја предал кај локалниот судија. Потоа, императорот го принудил него сам да си ја осуди жената на смрт. Пред нејзините очи тој ги убил сопствените деца, а таа била жестоко мачена и сечена.
Св. Васа најчесто се сврзува со градот Воден, Егејска Македонија во околината на Солун. Таа е насликана во охридската црква „Св. Софија“. Нејзини икони и фрески има во неколку цркви во Македонија, како и во неколку во Пиринскиот дел на Македонија. Македонската православна црква ја чествува св. Васа на 3 септември, односно на 21 август по стар стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст