Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ пишува дека хрватскиот шпион кој денеска беше уапсен од страна на Безбедносната информативна агенција (БИА) е идентификуван како Чедо Чоловиќ (53), офицер во пензија.
Тој е уапсен, според пишувањата на медиумите поради тоа што со години пренесувал податоци од Белград во Загреб и дека поради него најмалку девет Срби се обвинети за воени злосторства. Весникот пишува дека тој е уапсен додека бегал за Хрватска.
Јавното обвинителство соопшти дека станува збор за лице кое има државјанство на Србија и ан Хрватска и кое од 1990 година живеело и работело во Хрватска, а престојувал и во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.