Богатството на Британецот Дејвид Хернинг се проценува на повеќе од милијарда и пол долари. Тој има 55 години и ја почнал кариерата како брокер, а денес има своја инвестициска компанија каде што е извршен директор.
Досега дал милиони долари на образовни фонадации, на лондонскиот Музеј на наука, финансирал истражувања.
И покрај таквиот живот, признава дека има една работа што ги мачи најбогатите луѓе на светот.
– Сакам убави работи, но еден од најголемите стравови на богатите е дека ќе ги ’расипат’ своите деца поради атмосферата на големи привилегии – изјави тој.
Затоа тој често многу работи им забранува на своите деца. Така, за неговиот 55. роденден тој со семејството бил на прошетка во природа и така го прославиле роденденот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.