Според РТЛ, Бред Пит дошол во Шибеник заради бизнис. Имено, актерот има намера да вложува и токму таму да гради луксузни вили.
Пит престојувал во Заблаче, место покрај Шибеник, во друштво на десетина луѓе, меѓу кои и архитектот Никола Башиќ. Наводно, Бред Пит токму таму ќе вложува пари и ќе гради луксузни вили во партнерство со Швајцарците.
Пит преноќил во „Д-Ресорт“ во Шибеник каде што пристигнал по разгледувањето на шибенската катедрала. Уживал во домашните специјалитети: пашки кашкавал, тартуфи и пиел хрватски пива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.