| четврток, 6 декември 2018 |

Голема трагедија за англискиот фудбал, воз прегази фудбалерка на Евертон

everton zoi tunan

Голема трагедија за англискиот фудбал, 18-годишна фудбалерка на Евртон Зои Тунан го загуби животот откако ја прегази воз. Смртта според зборовите на полицијата не е сомнителна, а најверојатно во прашање е несреќен случај.

Трагичната вест ја споделија со јавноста членовите на нејзиното семејство, клубот и полицијата.

-Беше весела, забавна и великодушна девојка. Беше омилена ќерка и сестра, каква што може само да се посака, пишува во соопштението од семејството.

Од неа се прости и Евертон, за кого играше, а клубот истакна дека никогаш нема да ја заброави.

-Беше посветена спортистка, најсреќна беше на теренот со топката. Трогна толку многу луѓе и никогаш нема да биде заборавена. се наведува во соопштението од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top