| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе му летне главата за да ја спаси Бугарија: Исламската држава повторно го гони Динко од Јамбол

dinko valev

29-годишниот Динко Валев користи две оклопни возила за патролирање на територијата кај градот Јамбол, во близина на границата со Турција.

Бугарската Државна агенција за национална безбедност го предупредила дека тој станал цел на терористите. Нивнi агент тврди дека го има на листа на имиња за кои ИСИС нуди награда која би била исплатена кога ќе се покаже видео или фотографија од делото.

 

Исламската држава објави дека дава награда од 45.000 евра за главата на бугарскиот ловец на мигранти, кој лови илегални баратели на азил по границата со Турција. Информацијата за понудата на ИСИС ја имало на неколку исламистички интернет страници кои наводно се спонзорирани од терористички организации.

Валев е опишан како „водач на паравоена единица која оперира на бугарско-турската граница заедно со десетина други мажи“.

Се смета дека ИСИС дава награда за Валев затоа што сака да се претстави како заштитник на емигрантите од Блискиот Исток, особено на муслиманите, и се надева дека ќе регрутира дел од нив за терористички операции низ Европа.

Динко Валев и неговата банда осветници патролираат по недостапните краишта со тенкови, а понекогаш подрачјето околу градот Јамбол го пребаруваат на коњи.

 Кога ќе здогледаат илегален мигрант, го апсат и ѝ го рпедаваат на полицијата. Валев е толку славен во Бугарија што успеа да си дозволи и мерцедес С-класа, а поканет е и во реалното шоу „Големиот брат“.

Седнат во мерцедесот, со Цеца пуштена до даска Валев вели: „Фала му на бога што добив можност да си дозволам ваква кола. Сакам возење без сообраќајни незгоди“.

Валев тврди дека воопшто не е уплашен од заканата, па дури и постирал медиумски извештај за ова на својата интернет страница.

Претходно годинава Валев изјави дека ги смета сите нелегални емигранти за џихадисти и ги отфрли тврдењата дека ги мачи своите заробеници.

„Би го опишал ова како спортска активност. А спортот не можете да го окарактеризирате како насилство“, изјави тој.

 

 

 Бугарскиот осветник има поддршка и од премиерот Бојко Борисов, кој изјави дека лично разговарал со Валев и му се заблагодарил.

-Го испратив директорот на бугарската гранична полиција да се најде со него и тие го координираат она што го работи Валев. И покрај поддршката што ја има во Бугарија, сепак Хелсиншкиот комитет за човекови права ја осуди оваа паравоена формација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top