| четврток, 6 декември 2018 |

Зекири се повлекува од новинарството, професионалната борба ја продолжува во Сирија?

Новинарот Мухамед Зекири вчера соопшти шокантна вест која многумина остави подзинати и во голема тага: после 18 години работа како новинар, ја завршува својата професионална кариера.

Зекири оваа вест ја соопшти на својот фејсбук профил, каде им се заблагодари на сите негови колеги од ТВ Шења , ТВ Алсат-М, Канал 5, Радио Слободна Европа и ТВ Ера, додавајќи дека ги сака сите искрено.

Од блиски извори на Зекири дознаваме дека збогум на новинарството му кажал затоа што осетил животен порив да замине за Сирија и да се „бори со предизвиците на една поинаква професија“, како што ни рече соговорникот.

Се обидовме да добиеме договор од самиот Зекири, но тој беше мистериозен и само кратко ни кажа: „Можно е да заминам за Сирија и од таму да продолжам да се борам со проблемите кои ги имаме сите, а јас ги осеќам особено“. На нашето прашање што конкретно ќе работи, тој одговори:

„Знаете дека бев задолжен од Заев да бидам прв кој ќе ги најавува деновите во кои ќе има бомби, па можеби тоа ќе го правам и таму, ќе видиме. Имам искуство, слушнав дека не било толку тешко во Сирија. Значи сега иако нема да сум новинар, барем еднаш можеби ќе ме видите на CNN, хехе“, изјави Зекири.

Зекири е познат како доста религиозен мирен и повлечен човек на кого „му ваделе муабети“ дека е вонаби исламски радикал кој се сили само на фејсбук.

Доколку одлучил да ги побие гласините и да докаже дека е храбар, можеби наскоро навистина ќе го гледаме и на CNN.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top