| четврток, 6 декември 2018 |

Драматична полициска потера во Нови Сад – Евра летале од црно „ауди“

uapseni

Во акција на оперативците на полицијата од Нови Сад, денес уапсени се тројца мажи, кои се обиделе да избегаат од полицијата со возило марка „ауди“.

Драмата почнала нешто по 12.30 часот, кога црно „ауди“ со затемнети стакла со новосадски регистарски таблички прелетало низ неколку улици во центарот на градот. Полицајци во цивил на излезот од градот кон автопатат, со неколку возила му го блокирале патот на возилото.

– Од возилото инспекторите извлекоа тројца крупни мажи, најверојатно криминалци. Во моментот кога ги отворија вратите, од автомобилот летнаа неколку банкноти евра, изјавил за Блиц.рс очевидец на апсењето.

Приведените не сакале да признаат од каде им се парите, ниту пак имале доказ за потекло, а полицијата претпоставува дека се од некое кривично дело кое било неправено неодамна, можеби и утрово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top