Парламентарните избори ќе се одржат на 11 декември, потпишаа вчера лидерите на четирите најголеми политички партии.
Според договорот, техничката влада, во која ќе влезат и министрите од СДСМ, ќе биде избрана утре. Според најавите, во неа ќе влезат истите министри и дополнителни министри што беа дел од Владата во согласност со Договорот од Пржино. Нивниот избор треба да биде потврден на денешниот состанок на централниот одбор на партијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претходно изјави дека сѐ што ќе биде предложено, ќе биде прифатено со цел да не се даде простор на СДСМ повторно да ги одложи изборите и кончено да се стави крај на кризата.
Од утре почнуваат да течат и роковите за изборите. Во Собранието ќе биде изгласана техничката влада на чиешто чело повторно ќе биде Емил Димитриев, на 60 дена до изборите Собранието ќе се распушти, а изборната кампања треба да почне на 20 ноември.
Предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 11 декември, нов уредник на МТВ ќе биде Санта Агирова, додека пак петтиот член на привременото тело за медиуми е Љуљзим Хазири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот


