Невреме проследено со грмежи и врнежи почнаа југозападно од Битола и според правецот на движење треба да го зафати јужниот дел на Пелагонија. Нестабилност има и во Гевгелиско.
Во Прилеп и северниот дел од Пелагонија, Долнени попладнево имаше интензивни поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења и ветер.
Во Скопје претпладне се очекува времето да биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер.
За време на викендот ќе преовладува стабилно претежно сончево време со повисока температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.