| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на РЕПУБЛИКА ќе читате

Во новиот број на РЕПУБЛИКА, кој е во продажба од утре (2 септември), ќе читате:

naslovna209-740

 

Партиите постигнаа договор

Избори на 11 декември

ВМРО-ДПМНЕ ги при­фа­ти си­те ус­ло­ву­ва­ња од СДСМ на ли­дер­ска­та сред­ба, во сог­лас­ност со по­ли­тич­ки­от до­го­вор по­стиг­нат на 20 ју­ли го­ди­на­ва – ко­неч­но со одр­жу­ва­ње из­бо­ри да се за­о­кру­жи До­го­во­рот од Пр­жи­но и да за­вр­ши дол­го­го­диш­на­та по­ли­тич­ка кри­за во Ма­ке­до­ни­ја.

На оваа сред­ба за­мис­ле­на ка­ко на­чин да се по­твр­ди де­ка се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те за одр­жу­ва­ње фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри, од­нос­но да се да­де но­ва га­ран­ци­ја од СДСМ де­ка не­ма по трет пат да из­бе­га од из­бо­ри­те, ВМРО-ДПМНЕ ги при­фа­ти си­те пред­ло­зи на опо­зи­ци­ја­та по­ста­ве­ни ка­ко зам­ка за до­пол­ни­тел­но комп­ли­ку­ва­ње на тој пат.

Но, до из­бо­ри­те прет­сто­јат уште 100 де­на, кои, ве­ро­јат­но, по­втор­но ќе би­дат го­лем пре­диз­вик за гра­ѓа­ни­те да ги из­др­жат имај­ќи ги пред­вид искус­тва­та со за­ед­нич­ка­та вла­да во ко­ја СДСМ до­би­ва функ­ци­о­нер­ски ми­ни­стер­ски ме­ста во две министерства и за­ме­нич­ки ме­ста во три ми­ни­стерс­тва. Во тие 100 де­на ве­сти­те во МРТВ ќе ги уре­ду­ва уред­ник по вол­ја на СДСМ, а ме­ди­у­ми­те ќе ги од­ме­ру­ва при­вре­ме­на ко­ми­си­ја со­ста­ве­на од по двај­ца но­ви­на­ри из­бра­ни од по­ли­тич­ки­те пар­тии и еден Ал­ба­нец по на­ци­о­нал­ност. Пра­ша­ња­та со та­ка­на­ре­че­ни­те спор­ни гла­са­чи при про­чи­сту­ва­ње­то на Из­би­рач­ки­от спи­сок и за­кон­ски­те ре­ше­ни­ја се за­тво­ре­ни.

Па, ќе би­де ли оваа 2016 го­ди­на, ко­неч­но, из­бор­на по два кру­га од­ло­жу­ва­ња?

 

Сорос влегува во парламентот

Платениците ќе станат пратеници со помош на Заев

На­ја­ви­те де­ка пла­те­ни­те ре­во­лу­ци­о­не­ри на Со­рос има­ат ам­би­ции да фор­ми­ра­ат по­ли­тич­ка пар­ти­ја не се ис­пол­ни­ја це­лос­но, но не за­тоа што се отка­жа­ле од ам­би­ци­и­те се­ри­оз­но да вли­ја­ат врз оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки­те слу­чу­ва­ња во др­жа­ва­та, ту­ку за­тоа што Зо­ран За­ев ре­ши да ги вне­се во пар­ла­мен­тот на ма­ла вра­та.

Со­ро­со­ви­те ма­ри­о­не­ти, кои во Ма­ке­до­ни­ја дејс­тву­ва­ат зат­скри­е­ни зад та­ка­на­ре­че­ни­те нев­ла­ди­ни и не­про­фит­ни ор­га­ни­за­ции, а се спон­зо­ри­ра­ни од Фон­да­ци­ја­та „Отво­ре­но оп­штес­тво“ со ми­ли­о­ни евра се­ко­ја го­ди­на, и до­се­га ја спро­ве­ду­ваа по­ли­тич­ка­та аген­да на нив­ни­от газ­да – мај­сто­рот кук­лар – но ни­ка­ко не ус­пе­ваа да се на­мет­нат ка­ко се­ри­о­зен фа­ктор во до­не­су­ва­ње­то на кру­ци­јал­ни­те по­ли­тич­ки од­лу­ки. И по­крај нив­ни­те ин­си­сти­ра­ња, прос­ле­де­ни со за­ка­ни и со уце­ни, да до­би­јат стол­че на пре­го­ва­рач­ка­та ма­са за­ед­но со ли­де­ри­те на по­ли­тич­ки­те пар­тии, се­пак оста­наа над­вор од ре­ше­ни­е­то. Но, по прет­стој­ни­те из­бо­ри, си­ту­а­ци­ја­та мо­же да се про­ме­ни. Пла­те­ни­ци­те на Со­рос не са­мо што ќе до­би­јат мож­ност мно­гу по­се­ри­оз­но да вли­ја­ат во раз­не­би­ту­ва­ње­то на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, ту­ку и тој ан­гаж­ман ќе им би­де пла­тен од бу­џе­тот, од­нос­но од џе­бот на гра­ѓа­ни­те. Се­то тоа бла­го­да­ре­ние, пред сѐ, на Зо­ран За­ев и на СДСМ.

 

СДСМ се загуби во маглата на српските стратези

„Шарената револуција“ пропадна, на ред е црна изборна кампања

Да­ле­ку пред кам­па­ња­та во­оп­што и да поч­не, цр­ни кам­пањ­ски опо­зи­ци­ски об­ла­ци се за­да­доа над Ма­ке­до­ни­ја. Пред­вес­ни­ци на опо­зи­ци­ска­та гр­до­ти­ја ко­ја сле­ду­ва, ма­кар би­ле пу­ште­ни пред во­оп­што и да се знае да­ли ќе има из­бо­ри. Овие об­ла­ци не­ма да би­дат ни­ту ку­му­лу­си, стра­ту­си, ци­ро­ку­му­лу­си, ку­му­ло­ним­бу­си, ал­то­ку­му­лу­си ни­ту, пак, ци­ру­си. Кај нас се ра­бо­ти за уни­ка­тен, ен­дем­ски вид об­лак, пу­штен со прес­ме­та­на на­ме­ра. Не­го­во­то име е не­поз­на­то во хи­дро­ме­те­о­ро­ло­ги­ја­та, но, нај­ве­ро­јат­но, нај­тес­ни­от из­бор би пад­нал ме­ѓу ко­му­ња­ро­ку­му­лус или со­ро­сус, из­бе­ре­те са­ми­те. Проб­ле­мот во овој об­лак, спе­ци­фи­чен за ма­ке­дон­ско­то тло, се­пак, не е во не­го­ва­та ге­не­за или ка­па­ци­тет, ту­ку во бед­ни­от ефект. Не­га­тив­ни­от на­бој, пре­диз­ви­кан од огром­ни­те ко­ли­чес­тва омра­за на­со­бра­ни кај не­го­ви­те твор­ци, се­ко­гаш пре­диз­ви­ку­ва гр­мо­те­ви­ци ко­га ќе се су­дри со по­зи­тив­ни­от на­бој на по­ли­тич­ки­те про­тив­ни­ци, но ефе­ктот на дејс­тво­то по не­го­во­то ми­ну­ва­ње, осо­бе­но врз реј­тин­гот на СДСМ, се­ко­гаш е ед­на­ков на ну­ла. Не­ко­гаш оди и во ми­нус, ка­ко и предз­на­кот на не­го­во­то пол­не­ње. И по­крај сѐ, то­тал­но не­про­мис­ле­на од об­ла­ко­ви­от ни­што­жен ефект врз гра­ѓа­ни­те, пар­ти­ја­та, по­ве­де­на од не­до­сти­гот на идеи, ра­бот­ли­вост и про­гра­ма, без проб­лем ги ко­ри­сти не­го­ви­те ус­лу­ги.

 

Опозицијата слепа за безбедносните ризици

Партиските интереси поважни од националната сигурност

Kрај­но не­се­ри­оз­но е чо­ве­кот што е наз­на­чен од нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја да вр­ши кон­тро­ла на служ­би­те и кој утре мо­же да би­де ми­ни­стер за од­бра­на, за вна­треш­ни ра­бо­ти или да во­ди не­ко­ја дру­га без­бед­нос­на ин­сти­ту­ци­ја да се сом­не­ва во иска­зи­те на пре­тсе­да­те­лот за ед­но олку важ­но пра­ша­ње. Уште по­мал­ку се­ри­оз­но е да се ба­ра гра­ѓа­ни­те, ме­ѓу кои има и под­др­жу­ва­чи на по­тен­ци­јал­ни те­ро­ри­сти, да се ин­фор­ми­ра­ат за кон­крет­ни за­ка­ни. За­мис­ле­те што би се слу­чи­ло до­кол­ку ФБИ, ЦИА, МИ5 или гер­ман­ска­та БНД им до­ста­ву­ва­ де­та­ли на гра­ѓа­ни­те за по­тен­ци­јал­ни те­ро­ри­стич­ки за­ка­ни.

Ло­кве­нец, кој нај­а­ву­ва де­ка ко­га СДСМ ќе дој­де на власт, во без­бед­но­ста ќе цу­тат ро­зи (ка­ко во вре­ме­то ко­га на че­кор од Скоп­је, во Кон­до­во, со ме­се­ци опе­ри­ра­ше те­ро­ри­стич­ка­та гру­па на Агим Крас­ни­ќи), се­га ве­ли де­ка опо­зи­ци­ја­та ба­ра не са­мо да се сле­дат опас­но­сти­те, ту­ку да би­дат пре­зе­ме­ни и по­ин­тен­зив­ни мер­ки за спре­чу­ва­ње или не­у­тра­ли­зи­ра­ње на мож­ни­те опас­но­сти. Во ед­на та­ква си­ту­а­ци­ја ла­ни во мај во Ку­ма­но­во опо­зи­ци­ја­та и нив­ни­те под­др­жу­ва­чи об­ви­ну­ваа де­ка без­бед­нос­ни­те служ­би и ма­ке­дон­ски­те спе­ци­јал­ци не ја за­вр­ши­ле за­да­ча­та до­бро, па ду­ри и де­ка има­ло пре­ку­мер­на упо­тре­ба на си­ла.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top