Швајцарецот Роже Федерер сè уште е врв во светскиот тенис, а лекција во три сета му одржа на Милош Раониќ, еден од најперспективните играчи на планетата. Во мечот што според очекувањата требаше да понуди неизвесност и голема битка на арената „Род Лејвер“, апсолутно доминираше повозрасниот Федерер. И со 31 година, Швајцарецот е полн со енергија, со неверојатни удари, а пласманот во четвртфиналето на Австралија опен по победата од 6-4, 7-6, 6-2, го остава во игра за петтиот трофеј во Мелбурн.
Следен противник за вториот носител Федерер е францускиот тенисер Жо Вилфрид Цонга, кој го победи сонародникот Ришар Гаске со 3-1 во сетови.
Интересен податок е дека сите пет главни носители на турнирот, Ѓоковиќ, Федерер, Мареј, Ферер и Бердих се пласираа во завршницата. Покрај дуелот Федерер – Цонга, најголемо внимание привлекува пресметката меѓу Ѓоковиќ и Бердих. Во другите две четвртфиналиња Ферер ќе игра против Алмагро и Мареј со Шарди.
Слична е ситуацијата и во женска конкуренција. Во четвртфиналните битки недостига само петторангираната Анжелик Кербер за да биде идентично како и кај мажите. Во атака на титулата се останатите четири главни носителки, предводени од Викторија Азаренка. Таа ќе игра против Светлана Кузнецова, а задачата е позната, да се одбрани трофејот. Марија Шарапова како второрангирана ќе игра со Екатерина Макарова во руското дерби. Американките Серена Вилијамс (трета) и Слоун Стивенс ќе ги одмерат силите за пробив во полуфиналето, а за уште едно место во квартетот најдобри на АО ќе одлучуваат Агнешка Радванска (четврта) и Ли На (шеста).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


