Искреното признание на лидерот на СДСМ ја потресе јавноста. Неговата искреност ги растрепери и разнежни сите социјалдемократи, а особени симпатии побуди кај Чадорот. Само пресметливите Шарени воопшто не се потресоа, задоволни со новите работни места во СЈО и ветувањето за присуството на пратеничките листи.
Силно скршен од сознанието дека Чадорот го лизна и фактот дека изборите на 11-ти декември 2016-та стануваат негова грда реалност, спасителот од Муртино виде спас во желбата и можноста, макар била и пуста, да ги одложи за барем една, цела година. Две-три би било уште подобро.
Потсвесно поттикнат од новото сознание кое го сонил уште во хациендата во Грција, Заев тогаш среде ноќ се разбудил со силен врисок и облеан во пот, но набргу се освестил и блажен во лицето, смирен на најблиските им ја пренел новата идеја – како да го пролонгира својот крај на лидерската позиција во СДСМ. Така самозадоволно радосен, долго време си седел сам и насмејан на терасата со поглед на морето, раскажува неговиот градинар од Неа Мудања за „А1 оф!“.
Идејата за избори во декември годинава му тежела многу на лидерот и му предизвикувала тешки и грди кошмари, но Чадорот бил јасен и не му дозволувал никакво врдање од директивата. Зборовите „You must! You must go to elections. End of story!“ силно и болно одекнувале во неговата глава.
Затоа, многу промуќурно, поради строгата забрана од Чадорот да зборува негативно за декемвриските избори, Заев решил своите желби да ги изрази и протне преку обраќањата до јавноста. Идејата била одлична – тој да си ја кажува вистината и маката, а сите да мислат дека тоа е уште еден од многуте лапсуси на лидерот, кои и онака по навика си ги лупал во секоја можна прилика.
Првиот момент на отворање на лидерот беше во Струмица, кога тој си кажа: „Знаете, на човек можеш да му земеш, но не и да му дадеш…“ мислејќи притоа на слободата која со изборите и декемврискиот дебакл на СДСМ сигурно му ја одзема заштитничкиот му чадор. Потоа, набргу со насмевка под мустаќ демек се поправи дека требало да го каже обратното.
Вистинското отворање на душата на Заев, пак, се случи во неделата на 28 август, кога тој повторно итро ја протна својата желба и храбро си се искажа и призна: „На 31 декември ќе ги договориме изборите за 11 декември!“
Сите помислија дека се работи за нов лапсус на лидерот, а тој само си ја кажа маката и што му лежи и тежи на душата. Едноставно, си кажа реално дека посакува на 31-ви декември 2016-та да договорат избори за 11-ти декември 2017-та, па макар била и 2018-та, само да не е годинава.
Таа, макар една година би значела многу за него, повеќе шанси Катица да го извади од калта со нови лажни и креирани случаи, но и можност уште повеќе да им се упика на албанските лидери во Македонија, за потоа да го земат во коалиција со 30 пратеници, наспрема дупло повеќе на ВМРО-ДПМНЕ. Поинаку, вистината и иднината за Заев изгледа премногу сурова.
Свечено ветил, пренесе „Минус инфо“ дека во секоја прилика ќе лупа по барем две-три вистини, се додека чадорот не сфати дека ситуацијата е сериозна и оти „дојдеа е нож до коску“ ко што му рекол Циц. Во меѓувреме, Македонија останува во неизвесност и очекување на новите отворања и лапсус-вистини на Спасителот од Муртино.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.