Вчера, околу 23.00 часот кај с.Удово полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки. Лицето кое го управувало не застанало и се упатило кон Неготино. Полициски службеници направиле уште еден обид да го сопрат возилото кај тунелите во Демир Капија, но возачот повторно не застанал и продолжил со движење кон Градско, каде со возилото се исклучило од автопатот и се упатило по регионалниот пат Градско-Прилеп.
Кај с.Дебреиште лицето го запрело возилото и заедно со совозачот се дале во бегство. Набргу потоа полициски службеници го пронашле возачот без документи за идентификација. По негово кажување, се работи за А.В. (19) од с.Арачиново, скопско. Во возилото биле пронајдени 17 лица-мигранти од Авганистан.
Во 23.30 часот возачот и мигрантите се приведени и задржани во ПС Кавадарци. Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, информира полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


