| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ за да нема алиби за бегство од избори

Нам ни се потврдија сомнежите дека СДСМ не сака решение за уредник во МРТВ кое би било независно, туку сака партиско решение, што не е во насока на независно и објективно информирање. Нивниот предлог Санта Аргирова за уредник на Информативната програма во Јавниот сервис е поранешен шеф на кабинетот на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи од редовите на СДСМ, па и член на таканаречената групата „Шарена револуција“, што значи лице со прилично јасно изразена партиска политичка позиција- посочи лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски пред малку од Клубот на пратениците, каде се договара дали се исполнети условите за одржување избори во декември.

-СДСМ сакаат партиско решение. За да не избегаат од изборите и тоа да биде изговор, тоа го прифативме – посочи Груевски за предлогот Аргировска да е уредникот назначен по предлог на опозицијата во Јавниот сервис.

-Втората точка по која сакаа да избегаат е методологијата, каква сакаат таква им ја прифаќаме, ја елиминиравме со прифаќање- рече Груевски.

Во однос на изборот на петтиот член на ад-хок комисијата за медиуми, тоа, нагласи Груевски, треба да е лице од албанска националност. Тој додаде дека , позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги остави СДСМ и албанските партии кои се во консултации по тоа прашање, да постигнат согласност за кое било лице, а ВМРО-ДПМНЕ ќе им го прифати.

Во однос на тоа дали ќе има избори во декември Груевски посочи дека „фактот што ВМРО вели најдете си решение е во насока“.

-Ние се залагаме на 11 декември да има избори, и да им го одземеме алибито на СДСМ да нема избори. Сега нема видлива причина за тоа- додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top