
За време на претстојниот викенд на територијата на Град Скопје ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција против комарци.
Од Градот информираат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира утре и задутре во временски интервал од 5.30 до 8 часот, а терестричното прскање против возрасни комарци ќе се изврши од недела до четврток во периодот од 1 до 5 часот наутро.
Со авионската дезинсекција ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и водени површини во градот и во неговата околина, како и по течението на реката Вардар.
Доколку временските услови не го овозможуваат прскањето против комарци, авиодезинсекцијата ќе се изврши следниот ден во истиот термин кога ќе бидат поволни временските услови, а во согласност на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Град Скопје апелира до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


