| четврток, 6 декември 2018 |

ЕПЛ за одлуката на Брисел: не се работи за тоа колку данок се плаќа, туку која влада ги собира парите

Компанијата ЕПЛ ја критикуваше одлуката на Европската унија според која мора да и плати на Ирска 13 милјарди евра на име даночни олеснувања. Брисел заклучи дека Ирска и дала нелегални даночни олеснувања вредни 13 милијарди евра на ЕПЛ и дека таа земја сега мора да го врати неплатениот данок на американската технолошка компанија со камата.

ЕПЛ во реагирањето ги обвини европските власти дека ги игнорираат меѓународните и ирските закони за данок и настојуваат да ги избркаат странските инвестиции од Европа.

Американската мултинационална компанија и ирската влада најавија дека ќе вложат жалба.

„Европската комисија покрена напори повторно да ја испиша историјата на ЕПЛ во Европа, игнорирајќи ги ирските даночни закони и испревртувајќи го меѓународниот даночен систем“, наведува таа компанија.

ЕПЛ наведува дека во овој случај не се работи за тоа колку ЕПЛ плаќа данок, туку која влада ги собира тие пари.

„Тоа ќе има длабоки и штетни последици и инвестициите и создавање на работни места во Европа“, наведува ЕПЛ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top