| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески бродови во Јапонски територијални води

Четири кинески владини бродови впловија во територијалните води околу спорните острови кои се под контрола на Јапонија. Официјален Токио веднаш упати протестна нота до кинеската амбасада.

Бродовите за поморско набљудување се забележани вчера околу пладне како се движат околу островите кои во Јапонија се нарекуваат Сенкаку,а во Кина Диаоју. Кинеските бродови  до доцна синоќа се уште биле во областа на која право полагаат и двете земји, по што им се приближиле јапонски патролни бродови и им порачале да ги напуштат спорните води.

Претставник на јапонското МНР соопштил дека била упатена протестна нота до абасадата на Кина во Токио.

Во Пекинг пак, кинеската поморска администрација соопштила дека бродовите „продолжиле да патролираат околу територијалните води во Источно Кинеското Море крај островите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top