Во последниве неколку години се регистрирани се повеќе онлајн финансиски измами, како последица на користењето на безконтактните платежни картички, како и оние со чип, наместо со магнетна лента.
Безконтактните платежни картички се лесни за употреба и се доста безбедни за трансакции, кога корисникот е лично присутен. Проблемот се појавува при онлајн користењето, бидејќи се полесни за онлајн измами. Juniper Research сметаат дека до 2020-та, вкупниот износ на онлајн финансиски измами ќе надмине 25 милијарди долари. Само во 2013-та, кога употребата на безконтактните картички беше многу поретка, финансиската загуба како последица на онлајн измами била околу 3 милијарди долари.
Зголемениот број на онлајн финансиски измами се должи на сѐ поголемиот број на онлајн трансакции. Украдена картичка со чип е потешка за користење, па затоа измамниците се повеќе сконцентрирани на онлајн измами. Платежните методи како Apple Pay или Visa Checkout се далеку побезбедни за користење, поради тоа што генерираат нов платежен код при секоја трансакција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.