| четврток, 6 декември 2018 |

Меси неизвесен против Уругвај и Венецуела

lionel-messi-barcelona-athletic-bilbao

Лионел Меси е неизвесен за натпреварите на неговата репрезентација Аргентина, против Уругвај и Венецуела во квалификациите за Светското првенство во 2018 година.

Ѕвездата на Барселона има проблем со задната ложа, повреда која ја доби на мечот против Атлетик Билбао во неделата.

Сепак, Меси ќе отпатува во Аргентина, но не се знае дали ќе игра.

– Неговото присуство на овие натпревари ќе зависи од тоа како ќе се развива состојбата со повредата – се вели во соопштението на Барселона.

Меси пред неколку месеци, по завршувањето на Копа Америка, одлучи да се откаже од репрезетнацијата, но потоа ја повлече одлуката и се врати во репрезентацијата.

Аргентинците натпреварот против Уругвај ќе го одиграат во сабота, додека дуелот против Венецуела е закажан за 6 септември.

Аргентина е на третото место во јужноамериканските мундијалски квалификации со 11 освоени бода. Водат Уругвај и Еквадор со по 13 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top