| четврток, 6 декември 2018 |

Сакам да умрам, секој ден ме уценува со секс – снимки!

Една девојка го раскажала своето лошо искуство со поранешниот партнер и со нејзината приказна сака да ги предупреди сите жени да внимаваат колку им дозволуваат на своите партнери..

Би сакала моето искуство да им послужи на другите девојки и жени како поука. Без оглед на тоа колку му верувате на партнерот и колку го сакате, никогаш не смеете да се согласите да бидете снимани за време на сексот. Јас бев четири години во врска со човек кој, како што денес се вели, живее на другата страна од законот. Иако е доста постар од мене, го засакав. Бев со него кога беше приведуван, апсен, го посетував во истражниот затвор. Кога бевме заедно бев на седмо небо. Уживав. Ме почитуваше, како и моите пријатели, како и мојот избор да живеам со родителите додека не завршам факултет. Не бев мала. Имав 25 години и зрелост да расудувам. Затоа, за она што ми се случи се обвинувам себеси”, раскажала оваа девојка пишува српски Курир. Често ме снимаше додека водевме љубов. На почетокот не се согласував, а потоа попуштив. Му верував, иако снимањето никогаш не ме возбудуваше. Ме снимаше додека орално го задоволував, за време на сексот ми беа врзани рацете. Една година пред дефинитивно да раскинеме, ни заладеа односите. Ретко се гледавме. Бев свесна дека тој не е човек со кој сакам да ја градам иднината. На почетокот ја прифати мојата одлука. Проблемите настанаа по три, четири месеци. Кога сфати дека никогаш повеќе нема да бидеме заедно и особено кога ме виде со друго момче, почна да ми се јавува, да моли, да плаче. Бидејќи не реагирав, ја промени тактиката. Почна да ме уценува дека ќе ги објави секс-­снимките на социјалните мрежи, дека ќе му ги испрати на мојот татко, брат, дечко. Се видовме неколку пати и средбите најчесто завршуваа со секс. Правејќи уште лоши проценки, попуштив мислејќи дека така ќе ми ги даде снимките. Меѓутоа, тоа само го охрабри. Кога сфатив дека така не може повеќе, решив да му кажам на моето момче дека поранешниот партнер се обидува да ме врати со помош на тие снимки. Тоа беше пеколна ноќ. Се скршивме двајцата. Не го обвинувам, јас сум единствениот виновник за целата ситуација. Раскинавме, а јас не одговарам на повиците од поранешното момче чекајќи секој ден моите снимки да осамнат на социјалните мрежи, ја завршува девојката со својата исповед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top