Екстремистите од Исламска држава создале 72 масовни гробници во Сирија и Ирак открија американските медиуми по повлекувањето на џихадистите од заземените територии, повикувајќи се на интервјуа, сателитски снимки и статии.
Тоа е најдеталното истражување до овој момент, но е можно да се најдат уште многу други, се додека трае повлекувањето на џихадистичката група.
Американските медиуми, како што пренесува БТА, во Сирија лоцирале 17 масовни гробници. Во една од нив има стотици тела на луѓе од едно племе.
Проценките за вкупниот број на жртви се движат од 5.200 до над 15. 000 лица.
Непосредно до затворот Бадуш, во близина на Мосул, погребани се над 600 затвореници.
Во најмалку еден од случаите виновниците веќе се казнети. На 21 август беа обесени 36 џихадисти за смртта на околу 1.700 ирачки војници, кои биле стрелани со пушомитралези во касарната Кемп Спајкер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.