| четврток, 6 декември 2018 |

Армијата отстрани пет карпи кои по поплавите беа закана за жителите на Шипковица

arm-karpa

Припадниците на инженерскиот баталјон на Армијата на Република Македонија, денеска со контролирана експлозија ја уништија карпата која по големите поплави претставуваше закана за жителите на Шипковица и овој регион.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој присуствуваше на минирањето, посочи дека по големите поплави минатата година и неодамнешните поплави беше утврдено дека постоеше опасност по жителите на селото и околниот регион од пет големи карпи.

– По рачното отстранување на големата карпа над селото и денешното минирање на четири дополнителни карпи, целосно се отстрани опасноста по населението во овој регион. Со овие активности на Армијата, во голема мера го заштитува населението од природните непогоди и од можноста овие карпи да направат голема штета на селото Шипковица, додаде министерот Јолевски.

arm-karpa-768x513

Заменик-командантот на Баталјонот, потполковникот Илчо Заковски, објасни дека се извршени подготовки за уривање на четири карпи, две во селото и две над селото Шипковица со вкупна големина од околу 300 метри кубни.

– Беа изработени минерски бушотини, за двете карпи беше поставен 20 килограми експлозив и ќе се изврши нивно внатрешно уривање, додаде потполковникот.

arm-karpa3

Армијата на Република Македонија со свои припадници и механизација во секое време им е на помош на граѓаните на Република Македонија. Пример за тоа е помошта за населението вo регионите зафатени со неодамнешните катастрофални поплави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top