Викендов нашата по-дива престојуваше во Хамбург, во Германија, на доделувањето на регионалните музички награди „Даф Бама“. Таа беше поканета од организаторот како најдобра пејачка од Македонија.
На истиот настан, во истата улога, но во машка конкуренција, беше поканет да учествува и Андре Ховнанијан од Ерменија, кој ја преставуваше својата земја на Евровизија пред 10 години, кога настапи и Елена со песната „Нинанајна“.
По 10 години повторно се среќаваат на музичката сцена. Елена возбудена ос средбата со стариот пријател, објави на Инстаграм заедничка фотографија и искоментира дека е време да снимат дует.
Елена е актуелна во моментов со дуатот со Хари Мата Хари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.