| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијан Керн: Бегалците спасени од море да се враќаат во земјите на потекло!

Австрискиот канцелар Кристијан Керн смета дека во иднина бегалците спасени од море би требало веднаш да се враќаат во безбедните земји на потекло. ­Бегалците би требало да се вратат. Тоа честопати не е лесно, но е можно, рече тој за австрискиот весник Клајне цајтунг. Тој додаде дека мора да се почитуваат стандардите. ­Чамците да се истуркаат, луѓето да се препуштат на нивната судбина, изградба на логори каде децата се повредувани… тоа не е во согласност со европските вредности, додаде Керн алудирајќи на австралиската политика кон бегалците. Тој смета дека е неопходен поголем ангажман во заштитата на надворешните граници на ЕУ и истовремено спроведување на програмата за помош во земјите на потекло на бегалците. ­Не можеме да градиме тврдина од Европа и да не гледаме што се случува на нашите граници, порача Керн истакнувајќи дека итно се потребни програми за помош и прифатни центри на северот од Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top