На кого му прилега поубаво цветниот фустан, на актерот Робин Вилијамс или на риалити-ѕвездата Ким Кардашијан, прашање е сега.

Ким Кардашијан во понеделникот на црвениот тепих во Метополитен музејот, каде што се славеше панкот како уметнички израз низ годините во модата, се појави во цветен фустан кој ја истакнуваше нејзината полна фигура. Ким е во поодмината бременост. Актерот и комичар Робин Вилијамс реши да се пошегува со неа, па на „Твитер“ објави своја фотографија, прашувајќи на кого му прилега поубаво цветниот фустан – нему или на Кин. Робин Вилијамс го играше ликот на англиска гувернанта во филмот „Госпоѓа Даутфајер“. А кој е поубав, проценете сами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


