| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскопот открива: Зошто имате проблеми со шефот?

Проблеми на работното место? Имате мака со шефот? Има нешто и во хороскопот. Но, само како насока во кој правец да си го подобрите однесувањето

Овен

Вие сте перфекционист и сте ориентирани кон деталите до точка до која сте подготвени да му ги посочите грешките на својот шеф и да направите да се чувствува нееднаков со вас. Вие сте толку избувливи што  воопшто изненадување што тој од вас бара да најавите што ќе зборувате за време на состаноците.

Бик

Вие секогаш имате причина или оправдување за нешто. Вие одговарате на секоја критика од својот шеф бидејќи тие работи ги сфаќате лично и тоа е единствена ситуација кога целосно ја завршувате својата работа. Вашиот шеф не може да ви даде забелешка без да му дадете милион одговори на тоа.

Близнаци

Вие постојано се шегувате во вашата канцеларија и постојано зборувате со вашите колеги. Исто така сте гласни и напорни и вашето однесување го фрустрира вашиот шеф бидејќи околу вас луѓето никогаш не можат да работат на мира.

Рак

Вие веројатно сте толку чувствителни на работа, така што дури и најмалиот коментар може да направи да се налутите или заплачете. Вашиот шеф не знае како да се справи со таквите емоции и се обидува да избегне директно да разговара со вас. Најчесто тие ги испраќаат вашите најблиски колеги да ја средат ситуацијата или пак да ви ги соопштат лошите вести.

Лав

Вие секогаш се обидувате да бидете над вашиот шеф особено на состаноците и тоа често го правите подобро од нив, бидејќи имате самодоверба и одлични лидерски вештини. Многу често, вашите клиенти можеби повеќе сакаат да работат со вас отколку со вашиот шеф и веројатно тоа е најголемата причина зошто вашиот шеф ве мрази.

Девица

Вашиот шеф веројатно не ве мрази и не може да ве мрази, бидејќи секогаш работите понапорно и попосветно од другите. Покрај тоа, сте многу воспитани и културни, а и вашиот шеф во 90 % од работата зависи од вас.

Вага

Вие секогаш сте смирени, собрани и студени за што вашиот шеф често се прашува околу вашата страст и ентузијазам. Тие мислат дека вие не ја земате работата сериозни и дека веднаш би  ја напуштиле доколку ви дојде подобра можност.

Скорпија

Вашиот шеф веројатно ве мрази поради вашиот став дека знаете сѐ. Шефовите за вас мислат дека сте личност која сака да се покажува пред другите и која е студена и претерано самоуверена. Вие сте многу интелигентни и компетитивни, но треба малку да закочите.

Стрелец

Вие постојано барате слободни денови бидејќи постојано сакате да патувате. Вашиот шеф постојано се прашува како може да ве спречи да го направите тоа и тој едноставно не верува дека можете да постигнете баланс меѓу животот кој е исполнет со многу авантури и работата.

Јарец

Вие често ги преминувате границите. Вие сте многу тврдоглави и понекогаш се однесувате лошо кога вашите идеи и мислења не се земени предвид. Понекогаш, вашиот шеф мисли како да немате почит за нив и како да уживате во работата само ако сѐ е по ваше.

Водолија

Вие никогаш не ги следите правилата. Вашиот шеф се нервира за тоа што никогаш не можете да ги направите работите како другите. Вие секогаш ги правите работите на различен начин и секогаш смислувате неконвенционални и понекогаш комплицирани начини.

Риби

Вие секогаш доцните, во канцеларија, на состаноци, на враќање од пауза. Никогаш не сте точни и тоа му создава тешкотии на вашиот шеф да ви верува. Тој секогаш се извинува на вашите странки/клиенти за вашето доцнење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top