Преговорите за Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД и официјално не успеаја, соопшти германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел.
– Разговорите меѓу ЕУ и САД за Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТТИП) во суштина пропаднаа. Според мое мислење, преговорите со САД де факто не успеаја, иако тоа се уште никој не сака да го признае- истакна тој, оценувајќи дека тоа се случило затоашто Европејците не сакале да ги прифатат американските барања.
Габриел потсети дека за време на 14-те рунди преговори, двете страни не се согласиле ниту за едно од разгледуваните 27 поглавја, пренесува Б92.
Германскиот вицеканцелар, споредувајќи го овој со договорот меѓу ЕУ и САД, рече дека договорот со Канада е многу повеќе фер за сите засегнати страни.
ТТИП е смислен како инвестициски договор за 21. век, фокусиран на усогласување прописи и стандарди, намалување на бариери на планот на инвестициите, овозможување пристап до владини договори, но и на заштита на правата на потрошувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји