| четврток, 6 декември 2018 |

Мислев дека е несолена шега, а добив селфи од Клоп: Како се најде Клаван во Ливерпул

За многумина беше големо изненадување кога Јирген Клоп потрагата по нов дефанзивец ја заврши ангажирајќи го Рагнар Клаван од редовите на Мајнц. Изненаден беше и самиот естонски репрезентативец, кој откри дека во прв момент мислел дека некој се шегува со него, па побарал од германскиот стручњак „доказ“ дека станува збор токму за трофејниот тренер.

Прво добив порака во која ми се ретставува и ми вели дека се интересира за мене и дека би сакал да разговараме за евентуален трансфер. Мислев дека е несолена шега на другарите и му вратив да ми докаже дека е Клоп. За неколку минути добив селфи од Јирген Клоп. Не можев да поверувам! Од почетокот на кариерата сонувам да заиграм во Премиер лигата, а згора на тоа ме бара Ливерпул, еден од најголемите клубови во Европа. Веднаш исконтактирав со челниците на Мајнц и побарав доколку стигне понуда, сериозно да биде разгледана, бидејќи ваква шанса се добива еднаш во животот“ – открива Клаван.

Естонецот беше стартер на првите две средби сезонава, но вчерашниот натпревар против Тотенхем го почна на клупата за резерви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top