Многу потешко од очекуваното, големиот фаворит за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, тимот на Реал (М), ја оправда фаворитската улога во првенствениот дуел против екипата на Селта од Виго. Иако играа на домашен терен, избраниците на Зинедин Зидан забележаа само минимална победа од 2:1.
Трите бода се освоени и со голема судиска помош, затоа што при првиот погодок, Алваро Мората беше во чиста офсајт ситуација.
И новакот во елитното друштво, тимот на Легањес, се покажа како непремостлива пречка за фудбалерите на Атлетико (М).
Иако доминираа во поголемиот дел од натпреварот, избраниците на Диего Симеоне, не го пронајдоа патот до противничката мрежа.
Резултати: Еибар – Валенсија 1:0, Осасуна – Сосиедад 0:2, Реал (М) – Селта 2:1, Легањес – Атлетико (М) 0:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хрват во навивачки жар го фрли каучот низ прозорец (Видео)
-
„Катимерини“: Да тргнеме напред, најпосле
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)