Доделувањето на музичките награди „Даф Бама“ се одржа синоќа во „Баркликард арената“ во Хамбург. Даниел Кајмакоски, кој беше поканет да настапи како претставник на Македонија, и беше номиниран за најдобар машки изведувач и за наградата од публиката за најдобар изведувач, ја освои наградата за најдобар изведувач од Македонија. Кајмакоски беше номиниран за најдобар машки изведувач заедно со 7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја.
На оваа значајна мултикултурна музичка манифестација беа наградени најуспешните музички имиња од Балканот, Медитеранот, Кавказ, Јужна Азија, Централна Азија, Африка и Блискиот Исток.
Покрај регионалните награди за најуспешните, беа доделени и награди во 8 категории: најдобра песна, албум, видео, соработка, машки и женски изведувач, изведувач и дебитант.
На овој голем музички настан, чија идеја е да се зближат различните култури и музика, ќе настапат голем дел од номинираните ѕвезди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст