| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва во Прилеп почнува ревија на руски филмови

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечерва со почеток во 20 часот ќе почне ревијата на руски филмови која ќе трае до 14-ти мај. ЉВо рамките на ревијата ќе бидат прикажани филмовите: „Една војна“, „Поп“, „Ние сме од иднината“, „Зезда“, „Ослободување“ и „Жеравите летаат“.
Центарот ревијата ја организира во соработка со Филмскиот фонд на Македонија, поддржана од Амбасадата на Руската федерација во земјата, Рускиот културен центар во Софија и Министерството за култура, а по повод 9 мај – денот на победата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top