Сириските безбедносни сили денеска ја презедоа контролата врз Дараја, предградие на Дамаск, откако бунтовници и цивили биле евакуирани по четири годишна опсада од сириските сили.
– Сириската војска целосно ја презеде Дараја и влезе во населбата. Таму нема ниту еден вооружен човек, истакна воен извор.
Пред два дена бунтовниците и сириската војска постигнаа договор за евакуација на сите жители и борци од Дараја, чиј број, како што тврдел еден од бунтовничките лидери, изнесува повеќе од 5.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!