Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.
– Одбележувајќи го овој празник ги чествуваме и љубовта, мудроста и скромноста. Овој ден е потсетник за големината на Мајката на Господ Исус Христос, но и улогата на жената во семејството и во општеството. Ликот на светицата најчесто се поврзува со страдање и тага, но она што ја велича Богородица е нејзината верба, трпение, скромност и љубов кон Бога и кон ближниот свој, стои во честитката.
Успението на Пресвета Богородица, додава Иванов, е сведоштво за победата на понизноста над горделивоста, сигурноста над стравот и себедавањето над егоизмот.
– Водени од овие христијански вредности и сочувствувајќи со настраданите од неодамнешните поплави, Ве повикувам да бидеме солидарни, хумани и да дадеме помош на оние на кои им е најпотребна. Празникот на Мајката Божја во земјава се прославува и како празник на спасението, грижата и довербата. Овој ден нè учи дека разделбата може да значи и соединување, а грижата за послабите и немоќните наше исправување и просветлување на умот и срцето, мотив за извршување добри дела, нагласува претседателот.
Како што подвлекува, делото на Пресвета Богородица е вкоренето во нашата традиција и верување, а нејзиното успение е симбол на возвишувањето и вербата во милоста, човечноста и благодатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани