| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларна парада во Москва по повод Денот на победата над фашизмот (фото)

Русија денеска прославува 68 години од победата над фашизмот. Денот на победата, 9 Мај, се одбележува со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

На парадата на која се преставува воената моќ на руската армија, по улиците на градот ќе дефилираат оклопни возила Тигар, оклопни транспортери од типот БТР -82А, тенкови од типот Т-90, самохотки од типот Мста-С, Бук-М2 и С-400 Триумф САМ системи, ракетни системи Пантис С-1, тактички ракетни системи Искандер -М и подвижни системи за балистички ракети Топол-М.

Исто така ќе бидат преставени и 68 авиони кои ќе прелетуваат над Црвениот плоштад меѓу кои и борбените ловци од типот Су-27 и Миг-29.

Парадата ќе финишира со 14 огромни огномети.

rusija7 rusija6 rusija5 rusija4 rusija3 rusija 2 tigar rusija1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top