Лидерот на холандската ултрадесничарска Слободарска партија, Герт Вилдерс, побарал во предизборниот манифест на својата партија, на сите мигранти и баратели на азил од исламските земји да им биде забранет влез во Холандија и предложил таа земја да ја напушти Европската унија.
Тој исто така се заложил за забрана на Куранот и затворање на сите џамии и исламски верски училишта.
Со манифестот на Вилдерс, кој денес бил поставен на неговиот профил на Твитер, била претставена и изборната програма на партијата пред парламентарните избори во Холандија, закажани за 15. март наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


