| четврток, 6 декември 2018 |

Две илјади граѓани ќе добиваат плата, а нема да работат

Финската Влада ќе направи експеримент, така што на одреден број луѓе ќе им исплаќа минимален надомест, за да види какво влијание тоа ќе има на државните финансии и на воведувањето на овие луѓе на пазарот на труд.

Финскиот институт за социјално осигурување ова ќе го реализира од 2017 година.

Ќе бидат опфатени 2000 луѓе кои ќе добиваат по 560 евра.

Овој додаток нема да се оданочува, а целта е да се види дали може да се направи реформа во осигурувањето и луѓето да не земаат социјално.

Во оваа група на луѓе нема да има пензионери и студенти.

Сличен предлог за доделување на 2587 долари, Швајцарците го одбија на референдум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top