Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун наводно наредил да се казнат сите спортисти кои таа држава не ја претставиле достојно на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, пренесува британски „Сан“.
Имено, Ким им наредил на репрезентативците да освојат најмалку 17 медали, од коишто пет златни. Спортистите, како што е познаато, се вратија во татковината со „само“ два златни медали, три сребра и две бронзи, па сега ќе мораат да ги сносат последиците.
Експертот за тоталитарни режими, Тошимитсу Сигемура, има сознанија дека оние кои освоиле медали ќе бидат поштедени.
– Оние коишто освоија медали ќе бидат наградени со подобро место за живот, убав автомобил, а можеби и некои други подароци од страна на режимот. Но, Ким беше лут и разочаран од резултатите. Оние за кои тој ќе смета дека го предале, ќе бидат казнети со намалување на оброците, а веројатно и ќе бидат преселени во полоши делови од градот, или пак, испратени во рудник за јаглен. Ќе им биде дозволено да се вратат дури по една година, или две, изјави Сигемура.
Севернокорејскиот лидер посебно го погодило тоа што Јужна Кореја освои дури 21 медали, од коишто девет златни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст