| четврток, 6 декември 2018 |

Исчистете го вашиот дом од непотребни предмети

Ви се случува ли во вашиот плакар да пронајдете блуза со стари дамки или пак повеќе чорапи кои си го изгубиле партнерот? Во кујна место ви зафаќаат повеќе пластични шишиња и дотраени садови? Ако е така тогаш ви е време за темелна чистка во домот. За таа цел еве мала помош од каде да почнете…

1. Стари пластики и слични садови

Овие пластики зафаќаат многу простор во вашите кујни. Исфрлете ги веднаш.

2. Шишиња со ликери и други пијалаци кои се стари неколку години

Во сечија кујна или бифе може да се најдат отворени шишиња со пијалаци, кои можат дури и да му наштетат на здравјето. Зошто воопшто ги чувате?

3. Мали пакувања со сосови, мајонез и кечап

Тие не зафаќаат многу место, па затоа можат да останат во фрижидерите и со месеци. Затоа погледнете го добро датумот и доколку му поминал рокот на производот веднаш исфрлете го од дома.

4. Стари кујнски апарати на кои им недостига некој дел

Не ви е потребен таков апарат во домот. Фрлете го тој миксер, блендер или соковник и ќе си ослободите простор за нов и употреблив.

5. Отворени стари пакувања со замрзнат зеленчук

Признајте, никогаш нема да подготвите јадење зеленчукот што стои во вашиот фрижидер изминативе неколку месеци.

6. Полначи за телефоните кои сте ги користеле пред 5 или повеќе години

Да. Телефоните одамна сте ги фрлиле, а полначите стојат како сеќавање за нив?

7. И, стариот телефон, доколку уште е во вашиот дом

Прифатете ја реалноста. Можеби ви значел во 2004 година и во него сте ги примиле најубавите пораки и повици, но време е да оди на рециклирање.

8. Далечински управувачи

Наоѓате далечински управувач и не знаете дали е од телевизорот кој го исфрливте пред 6 години или од клима уредот што го заменивте пред 3 години. Доколку ви се случи ова, зошто би го чувале и понатаму тој правоаголен пластичен предмет?

9. Кабли

Каблите се потребни, но не сите. Има и кабли кои се стари, искинати, оштетени…

10. Стари списанија

Признајте дека нема никогаш повеќе да го отворите весникот кој сте го купиле пред 5 години и заедно на куп со други списанија зафаќа еден агол од вашата дневна соба кој може да се искористи за нешто многу поубаво.

11. ВХС касети

Доколку на нив имате домашни видеа, преснимете ги, а на огромните видео касети конечно е време да им кажете„Чао“.

12. Креми за лице и тело, тоници и други средства за нега и хигиена

Колку вакви празни и полупразни шишенца имате во плакарот во бањата? Соберете ги во една вреќа и право во канта.

13. Четка за тоалетна шолја

Поминала една година, а вие уште ја користите истата? Овие четки се полни со бактерии и треба редовно да се менуваат.

14. Шминка постара од една година

Доколку имате шминки постари од една година исфрлете ги. Многу често и забораваме што сè имаме во нашите тоалетни маси и фиоки. Затоа не двоумете се. Ќе си ослободите место за нови, а и ќе се заштитите од можна појава на алергии и несакани дејства на кожата.

15. Бесплатни примероци и тестери

Овие нешта ги чувате без некоја особена причина. Сте ги добиле како бесплатен примерок и сте заборавиле на нив. Сигурно веќе им е поминат и рокот на употреба.

16. Стари патики

Шкафчињата за чевли ви се неуредни токму заради старите патики, папучи, сандали. Знаете дека никогаш нема да ги ставите на нога, но упорно не се откажувате од нив.

17. Фустан за свадба

Тоа е парче облека кое носи сеќавања во себе, но соочете се со фактот дека никогаш повеќе нема да го облечете.

18. Облека со дамка

Доколку една блуза на себе има дамка којашто не сте успеале да ја извадите, зошто би ја чувале во вашиот плакар?

19. Дупнати чорапи

Признајте, колкумина од вас имаат полна фиока со чорапи кои имаат дупче? Ќе ги облечете повторно? Не. Зошто да ви зафаќаат место, исфрлете ги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top