| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ јавно прозборе за убиството на Аркан

Тој јавно и предлага на српската власт да го назначи за јавен обвинител или за претседател на анкетниот одбор, бидејќи, како што тврди и самиот, тој е единствениот човек во Србија кој би можел да ги посочи сите убијци јавно.

images

Лидерот на радикалите и член на Парламентарната комисија за контрола на безбедносните служби, Војислав Шешељ, кој отсекогаш се смета за најдобар познавач на српските политичари, за Информер.рс, открива што се крие зад многу нерешени убиства во Србија. Тој јавно и предлага на српската власт да го назначи за јавен обвинител или за претседател на анкетниот одбор, бидејќи, како што тврди и самиот, тој е единствениот човек во Србија кој би можел да ги посочи сите убијци јавно.

Тој говорејќи во интервјуто се присетува на тоа како Жељко Ражнатовиќ и Јездимир Васиљевиќ му нуделе пари за да се најдат на парламентарната листа на радикалите, но и како набрзо по тоа Аркан сакал да го убие.

– Тој беше кандидат за претседател на Србија и заедно Војислав Коштуница бевме гости во една политичка емисија, каде што јас му кажав дека тој повеќепати става чорапа на главата од колку јас на стапалата. Му пропадна кампањата по тоа, па од УДБА знам дека планирал да ме убие, но бил предупреден, рече, меѓу другото Шешељ.

Додава дека го повикал Милошевиќ и дека му рекол да доаѓа најбрзо што може бидејќи е итно. Кога отишол таму бил тогашниот началник Марковиќ, тогаш му кажале дека Аркан му спрема убиство. Дознал дека Шешељ има нов блиндиран џип, па набавил рачен минофрлач. По извесно време минофрлачот е пронајден кај љубовницата Елена Мијатовиќ, открива Шешељ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top