| четврток, 6 декември 2018 |

Нов напад во Турција – има мртви и повредени

Cizre_turcija_napad

Силна експлозија утрово се случила во местото Џизре во југоисточниот дел на Турција. Според неименувани безбедносни извори, нападнат бил полициски пункт, а има мртви и ранети.

Телевизијата НТВ наведува дека од местото се издига облак од чад, а во тој правец се упатиле повеќе возила на Брзата помош. „Ројтерс“ пренесува дека има „многу мртви и повредени“ но не прецизира бројка. Џазире се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се граничи со Сирија и Ирак. Во таа област, мнозинството население се Курди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top