
Во централните делови на Италија рано утрово е регистриран нов силен земјотрес. Епицентарот повторно е во близина на местото Аматриче, кое веќе е речиси целосно разурнато од земјотресот пред два дена.
Американскиот геолошки институт наведува дека последниот потрес се случил во 6.30 часот, бил со јачина од 4,7 степени по Рихтеровата скала, додека италијанскиот институт наведува дека бил 4,8 степени. На овој земјотрес претходеле десетина послаби.
Во последните два дена, по првиот силен земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, во истиот регион регистрирани се повеќе од 500 потреси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


