Фудбалерот на Реал Мадрид и капитен на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер на Европа за сезоната 2015/16.
Роналдо во изминатата сезона ја освои Лигата на Шампиони со Реал Мадрид и Европското првенство со Португалија, по што и очекувано беше најголем фаворит за оваа награда.
Во изборот учествуваа 55 новинари. Од нив, 40 гласаа за Роналдо. Французинот Антоан Гризман од Атлетико Мадрид доби 8 гласови, а соиграчот на Роналдо, Велшанецот Герет Бејл доби 7.
– Ова беше неверојатна сезона – кратко изјави Роналдо.
Голови и асистенции на Роналдо во изминатата сезона:
Шпанска Примера Дивизија:
36 настапи, 35 гола, 11 асистенции
Лига на Шампиони:
12 настапи, 16 гола, 4 асистенции
Европско првенство 2016:
7 настапи, 3 гола, 3 асистенции
Наградата му беше врачена по одредувањето на групите за новата сезона од Лигата на шампионите.
Во женска конкуренција наградата и припадна на Норвежанката Ада Хегерберг, која настапува за Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)