| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелината предизвикува 8 видови на канцер

Дебелината може да доведе до различни видови на рак – на желудникот и дигестивниот систем, тумори на мозокот и репродуктивните органи, покажуваат резултатите од меѓународно истражување.

Во 2002 година тим на Меѓународниот центар за истражувања на рак во Лион потврди дека прекумерната тежина е предуслов за појава на рак на дебелото црево, на хранопроводникот, бубрезите, дојка и матката. Оваа година резултатите од истражувањата покажуваат дека вишокот килограми ја зголемува опасноста и од развивање на рак на желудникот, црниот дроб, жолчката, панкреасот, јајниците, тироидната жлезда, рак на мозокот и рак на коскената срж.

„Ракот кој може да се предизвика од прекумерна тежина, влијае на повеќе органи отколку сме претпоставувале“, вели Греам Колдиц, дел од тимот научници на Меѓународниот центар за истражувања на рак.

Досега луѓето не размислувале дека многу од видовите рак можат да зависат од вишокот килограми. Заклучокот на научниците е дека ако човек не внимава на тежината, може да го намали ризикот да ги развие овие видови на рак. Над 640 милиони возрасни и над 110 милиони деца во светот се со прекумерна тежина. „Корисните навики како здраво јадење, задржување на совршена тежина и редовното вежбање, како и исклучување на штетните навики како пушењето, имаат сериозно влијание врз можноста човек да развие рак“, вели Колдиц.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top