Експертот за секс Дејвид Вигант сподели неколку совети за дамите кои сакаат на својот партнер да му пружат незаборавен секс.
Испраќајте му секси пораки
За да ја разбудите неговата желба за секс, мора ментално да го „предизвикате”, а ништо не е подобро за тоа од неколку секси пораки во текот на денот. Едноставни, но еротични пораки ќе ја завршат работата.
„Ќе те воодушеви она што ќе ти го направам вечерва“ на пример, е доволно за да му ја разбуди фантазијата за едвај да ја дочека вечерта.
Провоцирајте го
Сте започнале со секси пораки, дошла вечерта, но тука не треба да запирате – провоцирајте го, вели овој експерт. Тој советува да го направите тоа со звуци, мириси и облека. Мажите најмногу сакаат да ги видат своите партнерки во нивните големи маици (кои на дамите им стојат како кратки фустани), а под тоа само гаќички, тврди Дејвид.
Пред тоа истуширајте се со својата омилена купка, намачкајте се со креми, лосиони, прснете се со парфемот кој му се допаѓа… А, кога ќе се појави на вашиот праг, страстно бакнете го, провлечете му ги прстите низ косата и шепнете му нешто на уво, тоа е одлична увертира за она што допрва следува.
Пружете му орален секс
Кога на мажот му пружате орален секс, не ги прескокнувајте овие чекори – бакнувајте му го вратот, градите, стомакот, бутовите. Пружете му целокупно уживање”, советува Дејвид.
Пофалете го
После сексот (не заборавајте ја предиграта!), кажете му дека сексот бил одличен – ако навистина бил. Детално опишете му што најмногу ве возбудило, што најмногу ви се допаѓало. Мажите „работат” на комплименти, па големи се шансите ако го пофалите, дека следниот пат ќе се потруди сексот да биде уште подобар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.