| четврток, 6 декември 2018 |

Половина ЕУ живее под кирија

Бугарите и Романците се на врвот во ЕУ ако се спореди живеење во сопствено живеалиште, пишува „Инфограф”

Анализите покажуваат дека 84% од Бугарите живеат во сопствено живеалиште, а  пред нив се граѓаните на Романија со 96.1%.

Високо котираат и Словачка со 90.3%, Литванија со 89.9 % и Унгарија со 88,2 %.

На дното на оваа листа се водечките европски економии, како Германија, каде што во свои куќи живеат 52,5% од жителите, Австрија – 57.2 %, Данска со 63.3%, Велика Британија со 64.8%, Франција со 65% и Холандија со 67%.

Така може да се направи поделба меѓу постарите и поновите членки на ЕУ. Причините за ваквата состојба лежат во културните разлики и во миграцијата.

Општиот тренд кој е забележан во периодот 2010 – 2014 година во ЕУ, е намалување на процентот на оние што живеат во сопствени домови. Забележан е пад од 0,6%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top