| четврток, 6 декември 2018 |

Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе биден пуштен во употреба во мај догодина

Осумдесет и пет проценти од градежните работи на автопатот Демир Капија – Смоквица се завршени. До Нова година треба да заврши асфалтирањето, а во мај следната година е планирано официјалното пуштање во употреба на овој автопат.

demir-kapija-uvid2-640x383Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП за државни патишта направија увид во градежните активности и беа информирани од раководството на компанијата „Актор“ која го гради овој автопат дека по Нова година останува да се заврши електрификацијата на тунелите и на мостовите.

demirkapija-uvid-640x329Автопатот Демир Капија – Смоквица почна да се гради во септември 2012 година, а со неговата изградба се очекува да се скрати времето на патување и да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот.

gruevski1

При денешната посета на општина Валандово Груевски го посети и локалниот пат кој ги поврзува селата Башибос и Бајрамос за чија изградба се обезбедени средства од владината Програма за рурален развој.

uvid-demir-640x426Општина Валандово преку оваа Програма има добиено 20 милиони денари, од кои 15 милиони се инвестирани во изградбата на овој локален пат, а пет милиони денари, како што информираше градоначалникот на Валандово, ќе бидат вложени во изградба на нов покриен зелен пазар на местото на постоечкиот.

uvid-demir2-640x368

Покрај ова, Груевски изврши и увид во активности за уредување на реката Странец за што од страна на општината се инвестирани 400 илјади денари. Со уредувањето на коритото на оваа река се очекува градот да се заштити од евентуални поплави. Градежните активности треба да завршат до 20 септември, а планирано е просторот околу коритото на реката да биде холтикултурно уреден.

avtopa

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top