Џамија во Приштина изградена пред 640 години претворена е во дувло на наркоманија и проституција.
Вознемиреноста што овој стар верски објект станал центар за наркоманија и протитуција пред министерот за внатрешни работи,Скендер Хисени ја пренесол претставникот на имамите во Приштина, Идриз Ѓигори.
– Верниците бараат одговор зошто се дозволува да се скврнави објектот додека е во фаза на реставрација, изјави Ѓигори.На средбата на која се разговарало за безбедносната состојба во земјата,претставникот на министерството за внатрешни работи Реџеп Сијарини,потврдил дека полицијата има информации за оваа појава.
Сме имале и телефонски дојави на граѓани,с ме интервенирале и на местото сме сретнале вакви лица, потврди Сијарини.На средбата со претставниците на имамите од исламската верска заедница, косовскиот прв полицаец зборувал и околу превентивните мерки и активности на полицијата за спречување евенуални терористички акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст