| четврток, 6 декември 2018 |

Авион слета принудно, жена почина на летот

Авион „ербас А330-300“, кој денеска летал на линијата Пекинг-Москва, принудно слетал откако една државјанка од Србија, поточно од Ниш, ненадејно починала за време на летот.

Пилотот решил да го спушти авионот бидејќи на жената многу ѝ се слошило, а потоа откако авионот веќе застанал, за жал, била констатирана смрт кај жената.

Жената чијшто идентитет е непознат, била родена 1959 година.

Засега не е позната причината за ненадејното влошување на здравствената состојба и за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top