| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот РЕПУБЛИКА ќе читате

Во новиот број на неделникот РЕПУБЛИКА, кој е во продажба од утре, 26 август, ќе читате:

 broj_208

Опозицијата остана без фантоми

Кој ќе го спасува СДСМ од изборен дебакл?

Не знам ка­ко опо­зи­ци­ја­та оче­ку­ва да го убе­ди на­ро­дот во овие без­оч­ни ла­ги, но, ка­ко и да е, се­га ду­ри и на нив им е јас­но де­ка фан­то­ми­те ве­ќе не се во игра и де­ка по трет пат За­ев не­ма да мо­же да ги иско­ри­сти за бег­ство од из­бо­ри­те. Да би­де­ме на чи­сто. И по­крај нај­а­ва­та на За­ев де­ка СДСМ ќе из­ле­зе на из­бо­ри на 11 де­кем­ври, тоа не зна­чи де­ка ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та та­ка лес­но ќе се сог­ла­си да се по­ја­ви пред гра­ѓа­ни­те и да при­фа­ти те­жок по­раз. На­про­тив, и по­крај си­те бле­фи­ра­ња пред до­маш­на­та и пред ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност де­ка е под­го­твен за из­бо­ри во де­кем­ври, СДСМ ќе на­пра­ви сѐ за уште ед­наш да из­бег­не со­о­чу­ва­ње со гра­ѓа­ни­те.


 

По­себ­ни пра­ви­ла за пре­диз­бор­но из­ве­сту­ва­ње

Ме­ди­у­ми­те ад хок али­би на За­ев?

Што се крие зад ад хок ре­ше­ни­е­то за ме­ди­ум­ска ре­гу­ла­ци­ја и зад нај­а­ви­те де­ка тоа е са­мо при­вре­ме­но ре­ше­ние и оти по­ли­ти­ча­ри­те до­пр­ва ќе се за­ни­ма­ва­ат со ме­ди­у­ми­те? Ако се има­ат пред­вид ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ска по­ли­тич­ка кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја­та што се на­мет­ну­ва, де­ка ќе се ба­ра влак­но во јај­це­то при евен­ту­а­лен нов обид за бег­ство од из­бо­ри или во кра­ен слу­чај при по­раз, тоа влак­но овој пат мо­же да би­де ра­бо­та­та на ова ад хок те­ло, чи­е­што бло­ки­ра­ње би го ур­на­ло ми­тот за за­вр­ше­на до­маш­на за­да­ча.

 


Јанева во петта брзина за спас на Заев

И СЈО ќе мора да одговара за циркусот

СЈО и Ја­не­ва ег­зи­сти­ра­ат ре­чи­си два­на­е­сет ме­се­ци со ме­га­бу­џет за до­маш­ни ус­ло­ви и уште по­со­ле­ни пла­ти. Функ­ци­о­ни­ра­ат по прин­ци­пот поз­нат ка­ко „по­ви­кај при­ја­тел“ од игра­та „Ми­ли­о­нер“. Се­ко­гаш ко­га СДСМ ќе пад­не во де­пре­си­ја од пре­го­ле­ми­от кон­стан­тен на­бој на не­га­тив­на енер­ги­ја, пар­ти­ја­та не­до­сти­гот на про­гра­ма и идеи го пре­мо­сту­ва со по­мо­шта на сво­јот спа­си­тел, кој без ни­ка­ков проб­лем ста­пу­ва на сце­на и со вол­шеб­но­то стап­че, кое, ме­ѓу дру­го­то, ли­чи на ча­дор, од „бом­ба­шки­те“ не­ос­но­ва­ни и пу­сти ин­ди­ции соз­да­ва ин­стант „слу­чај“ про­тив ВМРО-ДПМНЕ, да­вај­ќи ѝ вре­ме на мо­рал­но и фи­нан­си­ски пад­на­та­та опо­зи­ци­ја да се со­зе­ме од ма­ка­та пре­тр­пе­на по одр­жа­ни­те две-три бес­мис­ле­ни прес-кон­фе­рен­ции и да се вра­ти на но­зе. Да мо­жеа, ќе го вклу­чеа СЈО и во не­кро­фи­ли­ја­та за на­стра­да­ни­те во поп­ла­ви­те, но по­ра­ди лет­ни­те од­мо­ри, овој­пат мо­раа да ги ан­га­жи­ра­ат и она­ка не­кро­фил­ски на­стро­е­ни­те и на­да­ре­ни ме­ди­ум­ски ју­риш­ни­ци. Ве­ро­јат­но, ко­га не­ко­гаш во да­леч­на ид­ни­на и би по­бе­ди­ле на из­бо­ри, би го во­скрес­на­ле СЈО, од но­стал­ги­ја и за ли­чен ќеф, а единс­твен проб­лем би бил но­ви­от со­став за­тоа што во таа по­бед­нич­ка кон­сте­ла­ци­ја на СДСМ Лен­че, нај­ве­ро­јат­но, би би­ла пре­тсе­да­тел­ка на Суд­ски­от со­вет, Фа­ти­ме пра­те­ник, Ка­ти­ца ми­ни­стер­ка итн.

 


Вра­ќа­ње на Сту­де­на­та вој­на во Евро­па

Кој сее па­ни­ка и страв во нај­моќ­на­та член­ка на ЕУ?

Пра­ктич­но, во си­ту­а­ци­ја ко­га гер­ман­ска­та еко­но­ми­ја цу­ти, ко­га не­вра­бо­те­но­ста е ре­корд­но ни­ска, ко­га Гер­ма­ни­ја го зго­ле­му­ва бу­џе­тот на Ар­ми­ја­та и бро­јот на вој­ни­ци, ко­га Гер­ма­ни­ја по­се­ду­ва нај­на­пре­ден си­стем за сле­де­ње по­тен­ци­јал­ни те­ро­ри­сти и еле­мен­тар­ни не­по­го­ди, гер­ман­ска­та вла­да не­де­ла­та зад нас прв­пат по кра­јот на Сту­де­на­та вој­на ги со­ве­ту­ва­ше сво­и­те гра­ѓа­ни да пра­ват ре­зер­ви од ос­нов­ни про­ду­кти за жи­вот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top